Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски смета дека едно од излезните решенија за намалување на политичката криза се избори.
Дента кога требаше да се гласа овој пакет мерки, не кога дојдоа со скафандери, туку неколку дена претходно, неколку пратеници од ДУИ фалеа, и тие не беа заболени или слично, но не беа присутни на седницата и тоа беше дополнително фрлање масло на огнот, бидејќи тие сами не може да се соберат за своите закони. Затоа, една од основните работи за да се смири оваа ситуација и власта и Собранието да почнат нормално да работат се избори“, изјави тој во интервју за РСЕ.