Владата ги следи залихите и нафтените потреби се задоволени

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претставници на нафтената индустрија во земјата, на која се дискутираше за актуелната состојба со нафтените деривати, во контекст на кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици во индустријата.

„Заклучивме дека нема простор за загриженост и дека состојбата е целосно под контрола“, истакна Мицкоски. Тој посочи дека залихите на горива се доволни и дека сите потреби на државата се целосно задоволени.

Премиерот додаде дека Владата ќе продолжи внимателно да ја следи ситуацијата.

„Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата и ќе реагираме во зависност од реалните потреби“, нагласи Мицкоски, потенцирајќи дека нема ризик од недостаток на гориво за македонските граѓани и компании.