-Ако Заев смета дека со неговото повлекување и поставување на негови пиони кои ќе ги спроведуваат неговите политики ќе се смени нешто, тоа во најмала рака е потценување на граѓаните, но и дополнително тонење на државата, рече Митева.

Според неа единствениот излез од ситуацијата во која се наоѓа Македонија се предвремени парламентарни избори.

-Соочени сме со економска, енергетска, здравствена криза. Има и инфлација, а и не сме на патот кон Европската унија, кажа Митева.

Оттука, додаде портпаролката Митева, Зоран Заев не може да ги постигне резултатите.

-Затоа избрите се решение, рече Митева.