Сакам да зборувам искрено, како човек кому му е доверена честа да ја води Владата и кој знае дека зад секоја одлука стојат човечки животи, семејни планови и надежи. Знам дека има граѓани кои се уморни од ветувања. Знам дека има луѓе кои работат чесно, а на крајот од месецот повторно пресметуваат што можат да платат и што мора да одложат. Знам дека има родители кои се радуваат на успехот на своите деца, а во себе стравуваат дека тој успех ќе ги одведе некаде далеку од дома, рече во обраќањето премиерот Мицкоски.

И кога ќе речат од опозицијата: „Што направивте за овие 27 месеци откако сте влада?“… За тој период со огромни проблеми и планини кои што ни ги оставија, во услови на епски најголемата енергетска криза која човештвото ја памети, не само во овој век, туку и пошироко, градиме наеднаш шест новиавтопатски делници, два гасоводи, еден далекувод. Пуштивме еден реновиран, во европски стил, студентски дом, наскоро ќе пуштиме уште еден, а осум нови училишни и студентски домови допрва ќе се реновираат и реконструираат. Повеќе од 90 милиони евра вложени во образовна инфраструктура, повеќе од половина милијарда евра реалоцирани средства од централниот буџет за општините, за повеќе од 1200 проекти кои што денеска го подобруваат животот на нашите граѓани во општините и средините каде што живеат, рече Мицкоски.

И да, ќе заборавев го исправаме она што го распродававте така лесно на секаде низ светот каде коленичевте воодушевени и заљубени во дебелите црвени персиски килими и кожени фотелји. Го исправаме она кое го распродававте, а тоа е нашата заедничка Македонија!, изјави Мицкоски.

Најниска инфлација во Европа и во регионот. Кога вчера во Црна Гора зборував на моите соговорници за економските постигнувања, некои од нив и самите ми приоѓаа и ми велеа одлични сте, за првпат откако сум премиер се почувствував горд и ви благодарам на вас, на сите мои соработници во Владата што заедно допринесовте ова да го постигнеме.Колку ниско и да напаѓаат тие, ние ќе одговараме со работа и енергија, кажа Премиерот.

„Одговорот е и во сплотеноста на народот и јасните цели. Реализациите на тие цели, барем за народот, никогаш не биле лесни и послани со рози. Напротив, тешки биле и макотрпни. Дали на патот до тие цели има предизвици и грешки? Да, има. Но тие грешки никако не смеат да бидат геостратешки и катастрофални. Како што Организацијата пред повеќе од еден век зацртала свои цели и идеали и се стремела кон нив, така и ние денес треба да се обединиме околу еден стожер наречен национални интереси и тоа да го спроведуваме без разлика на пречките кои ни се на патот. Слободата добива целосна смисла кога граѓанинот може слободно да зборува, чесно да заработува и спокојно да го планира животот. Кога законот важи еднакво за влијателниот и за обичниот човек. Кога партиската книшка ја губи моќта пред знаењето, трудот и способноста.Тоа е државата што сме должни да ја создаваме, додаде премиерот.И тука одговорноста започнува од нас што ја имаме довербата да управуваме. Функцијата е привремена, а последиците од нашите одлуки остануваат, изјави Мицкоски.