Премиерот Мицкоски денеска изјави дека доцнењето на повратот од МојДДВ не треба да се поврзува со финансиската состојба на државниот буџет. Тој нагласи дека, според УЈП, проблемот произлегува од технички потешкотии. Ова произлегува бидејќи дел од граѓаните смениле банка или трансакциска сметка. „Тоа се надминува и деновиве ќе влезе во нормална стационарна состојба“, рече премиерот.
УЈП соопшти дека исплатата за скенираните сметки во третиот квартал од 2025 година продолжува и не е прекината или откажана. Според Управата, кај дел од спецификациите се појавил технички проблем што бара целосна преработка. Доколку во некој налог се најде корисник со променета банка или сметка, системот ја враќа целата пратка. Следствено, исплатата се стопира за сите корисници опфатени со истиот налог. Надлежните служби веќе работат на отстранување на овој предизвик. Целта е да се обезбеди точна и правична исплата за сите.
Исплатата кон корисниците со валидни и потврдени податоци е во тек, информираат од УЈП. Исплатите за останатите ќе следуваат веднаш по завршувањето на техничката преработка.
Од Управата упатуваат апел до граѓаните кои менуваат банка или трансакциска сметка навреме да ги ажурираат податоците во системот. Целта е да се избегнат слични ситуации во иднина и да се обезбеди навремена исплата.
Институциите уверуваат дека сите корисници ќе ги добијат средствата што им следуваат од мерката МојДДВ.
