Во фокус спортската инфраструктура во Кавадарци
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на Општина Кавадарци, каде што ќе присуствува на поставување камен-темелник на нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“.
Според најавата од Владата, церемонијата е предвидена да започне во 12 часот, по што Мицкоски ќе даде изјава за медиумите.
Увид и во изградбата на картинг-патеката
Во рамки на посетата, премиерот ќе изврши увид и во реализацијата на проектот за изградба на нова картинг-патека во месноста Моклиште.
Како што информираат од владината прес-служба, при посетата ќе биде запознаен со текот и динамиката на градежните активности на терен.
