Порака по повод Меѓународниот ден на мајчин јазик

Денес, на Меѓународниот ден на мајчин јазик, премиерот Христијан Мицкоски испрати порака од Вашингтон преку социјалните мрежи, истакнувајќи ја важноста на македонскиот јазик како симбол на идентитет, историја и култура.

  • „Македонскиот јазик не претставува само алатка за комуникација, туку е жив сведок на нашето постоење, длабока емоција и суштински дел од нашиот идентитет. Тој е јазик што нè обликува, ни помага да сакаме, да се бориме и да сонуваме. Да го почитуваме, негуваме и со гордост да го пренесуваме на следните генерации, бидејќи секој изговорен збор е сведоштво за нашата традиција, културно наследство и непокорен дух“, напиша Мицкоски.

„Јазикот е наш корен“

„Денес, на овој значаен ден, да му оддадеме чест на јазикот кој е наш корен, наш завет и наше право. Како што вели Крсте Петков Мисирков – ‘Јазикот е наш долг и наше право.’ Среќен нека биде овој ден за сите кои зборуваат од срце, на јазикот што ги поврзува со нивните предци.“