Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“ во Општина Шуто Оризари.
Оваа активност е дел од владините планови за подобрување на условите и зголемување на капацитетите за згрижување на најмладите во општините низ земјата.
Од Владата информираат дека по повод пуштањето во употреба на новиот објект, предвидено е Мицкоски, да даде изјава за медиумите.
