Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштањето во употреба на Домот на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто во Општина Гази Баба.

Во февруари лани кога почна реконструкцијата, беше посочено дека Домот на културата ќе биде на површина од 1.000 квадратни метри. Вкупната инвестиција изнесуваше 84.240.000 денари, средства обезбедени од Владата.

Беше нагласено дека објектот ќе се гради според европски стандарди, ќе биде енергетско ефикасен и ќе има целосно инклузивен со лифт и тоалети за лица со посебни потреби. Воедно, тој ќе биде поделен на три нивоа: подрумски простории во кој ќе има остава – шминкерница, гардероби и тоалети, потоа, приземје во кое ќе има: фоаје, билетарница, галерија, тоалет за лица со посебни потреби, гедалиште, сцена и канцеларии, како и кат во кој ќе има: библиотека, тоалет за лица со посебни потреби, просторија за проекции и канцеларии.