На агендата европската перспектива на земјите од Западен Балкан

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе учествува на Самитот Европска Унија – Западен Балкан, кој ќе се одржи во Тиват, Црна Гора.

Средбата ќе ги собере лидерите од регионот и претставници на Европската Унија, а фокусот ќе биде ставен на актуелните прашања поврзани со европската интеграција на земјите од Западен Балкан и натамошното унапредување на соработката со Унијата.

Самитот ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro“, каде што се предвидени повеќе работни сесии и разговори меѓу учесниците.

По завршувањето на состанокот, за 15:30 часот е закажана заедничка прес-конференција во Naval Heritage Museum во Тиват, на која ќе бидат презентирани заклучоците од самитот.