Тој процес е неповратен, не се откажуваме од идејата за национален дата центар, светот и човештвото одат во таа насока, изјави денеска премеирот Христијан Мицкоски по новинарското прашање околу најавата дека ЕУ ќе го прекине финансирањето на овие центри во земјите на Западен Балкан. Премиерот потврди дека оваа влада води апсолутна грижа за интересите на државата и граѓаните, контар ретрогрдните полтички сили од политичкото мочуриште.
-Не се откажуваме од идејата за национален дата центар, затоа што светот и човештвото одат во таа насока и затоа што тој процес е неповратен. Прашањет е дали ние како држава сакаме да останеме заглавени во 19-от или 20-от век со некои ретро политички сили или сакаме да грабиме кон иднината. Јас сега зборувам не само како политичар, туку и како професотри и инженер и ви кажува, на македонската јавност и кажувам – ова влада апсолутно води сметка за интересите на државата и граѓаните, апсолутно интересите на државата и граѓаните нем да бидат ставени под знак прашање и апсолутно се грижиме за иднината на оваа држава и за брз економски развој. Впрочем, благодарение на тие дата центри и на таа опрема деенска можевме и да видиме како голем дел од ова опрема функционира, без тие дата центри или податочни центри и вештачка интелигенција голем дел од оваа опрема не може да функционира. Впрочем, без тие дата центри и вештачка интелигенција јас немаше со вас да комниициам на овој начин како што комуницирам, посочи Мицкоски.
-Затоа, да ги оставиме оние политички сили да тонат во своето политичко мочуриште од 19-от и 20-от век, да дозволиме да се развиваме како држава онака како што заслужуваат граѓаните, потенцира премиерот при посетата на Табановце.
