Премиерот Христијан Мицкоски при посета на фабриката КОСТАЛ Македонија во ТИРЗ Охрид даде свое видување на новинарско прашање како да привлечеме нови компании кои ќе инвестираат во државава.

-Ќе има компании кои што ќе се отвораат и ќе има компаниии кои што ќе се затвораат и домашни и странски и тоа не тереба да се сфаќа како крај на светот. Ние како Влада се обидуваме и усмешни сме во тоа да привлечеме што е можно повеќе компании. Веќе имаме неколку што се во процес на завршување на преговори во тек до крајот на годината и то 4 или 5 такви компании за веќе да потпишат договори со Владата. Очекувам нови над 1000 работни места кои што би се креирале само како разултат на овие договори, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека како Влада се тука да работат за интерес на граѓаните и државата.