Незаконското следење како удар врз слободата

Премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на состанокот за партнерството за отворена власт изјави дека најновите информации за незаконско прислушување не се личен напад врз него, туку директен напад врз демократијата и правото на слобода, пренесе Скопје1. Тој нагласи дека заедно со новинари, медиуми, бизнисмени и јавни личности биле жртва на систем кој ги следел своите граѓани.

МИЦКОСКИ, РУСКОВСКА, НОВИНАРИТЕ ЗЛАТЕВ И ЛАНДОВ БИЛЕ ТАРГЕТИРАНИ: Голем список за прислушкување, Николоски повика Обвинителството да реагира!

Најава за правна разрешница

Мицкоски подвлече дека злоупотребата на безбедносните служби нема да остане без последици. „Нема да има селективна правда. Ќе има одговорност. Ќе има правна разрешница. Времето на недопирливи заврши“, порача премиерот.

Визија за отворена власт и реформи

Тој истакна дека партнерството за отворена власт е најсилниот одговор на злоупотребите, бидејќи „каде што има светлина, нема простор за сенки“. Како визија ја посочи изградбата на држава со силни институции, модерна администрација и економија што расте, со општество што верува во демократијата и во европските интеграции.