Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за транспорт Александар Николоски и директорот Орхан Куртиши, денеска промовираа 100 нови возила за АД „Пошта“, инвестиција вредна околу два милиони евра. Целта е да се замени возниот парк стар 15 години, кој со години беше главна причина за дефекти и незадоволство кај граѓаните.
„Ова е одговор на реална потреба. Затекнавме систем кој долго време функционирал со минимални инвестиции и застарена опрема. Со овие возила, Пошта ќе доставува побрзо и посигурно до секој граѓанин и секоја компанија“, истакна Мицкоски.
