Владата ги продолжи намалениот ДДВ и акцизите до 1 јуни

Продолжувањето на мерките за намалување на ДДВ-то и акцизите за горивата ќе обезбеди Македонија и понатаму да има најниски цени на бензините и дизелот во регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

„Вчера имваме вонредна онлајн седница на Владата на која до 1 јуни ги продолживме мерките што значат намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за бензините и за дизелот. Со тоа ние како држава повторно сме со најниски цени на бензините и на дизел горивата, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштањето нов градски пазар во Виница.“

Тој додаде дека ваквата политика треба да продолжи и во иднина.

„Мислам, додаде, дека така и треба да продолжиме и понатаму.“

Македонија со ценовна предност според премиерот

Мицкоски се осврна и на состојбата на глобалните енергетски пазари, посочувајќи дека земјата успева да одржи стабилни цени и покрај ризиците.

„Покрај сите ризици и покрај сите предизвици со кои се соочува светот ние во овие речиси три месеци од би рекол најголемата енергетска кзриза која се има случено не според моето кажување, тукуи според кажувањето на претседателот на Светската енергетска заедница, како држава не само што успеваме да обезбедиме најниска цена за горивата, туку и практично да им ја понудиме на соседните земји, бидејќи голем дел од нивните граѓани од север, запад и југ доаѓаат кај нас да точат гориво, рече Мицкоски.“

Тој нагласи дека Владата ќе продолжи со вакви политики и во следниот период.

„Како Влада, порача, ќе продолжиме во таа насока и понатаму.“

Мерки што остануваат во сила

Со владината одлука, и во наредните две недели продолжува важноста на намалениот ДДВ од 18 на 10 отсто за бензините, како и намалената акциза од 4 денари по литар за дизел и 2 денари по литар за бензините.