Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој биле разгледани тековните активности и спроведувањето на предвидените реформи.

-Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој во фокусот беа тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи – овјави Мицкоски на Фејсбук.

Тој посочи дека посветеноста на реформскиот процес подразбира координиран институционален пристап, јасно утврдени цели и конкретни чекори за унапредување на функционирањето на институциите.

-Продолжуваме со посветена работа на реформите кои се од суштинско значење за економскиот развој, владеењето на правото, ефикасноста на институциите и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните – наведе премиерот Мицкоски во објавата.