Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата. Филипче и неговите партнери, свесно шират лаги и манипулации за случајот со Алта банка, случај кој постои во друга држава, но не и Македонија, изјави Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Филипче и неговите партнери, од петни жили се обидуваат сликите од немирите во другите држави да ги пренесат во Македонија, нешто што не им успева, бидејќи граѓаните ја препознаваат стабилноста во државата, потенцира во изјавата Петрушевски.

„Зошто Филипче и СДС се толку гласни за Алта банка? Чека ли спремен бизнисмен близок до Заев за багателна цена да ја откупи банката? Инаку, зошто би сакале СДС да пропадне некоја банка, по стилот на Еуростандард?, праша Петрушевски.

Го повикуваме ЈО да постапи по допрен глас и да ги повика на информативен разговор сите оние коишто пробуваат да го урнисаат уставниот поредок на државата“, рече Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.