Верувам дека пораката е пратена иако веднаш после протестот почна некој обид за релативизирање на целокупниот настан, повеќе од очигледно е според фотографиите, според снимките дека тоа сее десетици илјади граѓани кои се незадоволни од случувањата. Сите оние кои им е преку глава од сето она што се случува последниве 6 години, сметам дека пораката јасно и гласно е испратена и од страна на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа и од целокупното граѓанство кое што живее во оваа држава, истакна Рашела Мизрахи пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Се сомневам дека Ковачевски и Ахмети ја примија пораката онака како што е испратена, сметам дека тенденциозно се оди кон тоа да се релативизираат сите настани, одржување на власт без разлика што таа е сува власт неоправдана од самите граѓани, тоа не укажува на некој демократски капацитет ниту пак демократија во рамки на Владата, меѓутоа тоа е сепак реалноста во која што живееме. ВМРО-ДПМНЕ сепак ќе продолжи со активната блокада во Собранието, ќе се организираат и дополнително протести гледаме уште денес се појавија и синдикати и различни групи на загрижени граѓани кои ќе протестираат од среда па натаму, што јасно укажува на фактот дека многу црвени линии се поминати, посочи Мизрахи.

Таа дополнително испрати порака кон сите граѓани за да ги објасни сите причини поради кој таа како граѓанин излегла во саботата на протестот на ВМРО ДПМНЕ:

– Премногу е од шарената револуција за слобода од режим до докази дека била само за слобода во пљачкосување на државата и народот.
– Премногу е од СЈО по нацрт на Нимбершките процеси до Катица во затвор, а парите кај Заев.
– Премногу е од одбрана на марихуаната и нарко пазарот.
– Премногу е од политички прогони и 8% доверба во судовите.
– Премногу е од 220 лажни пасоши на нарко дилери до кризни состојби во име на тендери во 4 очи, до горење на живи луѓе во модуларни болници, одговорност видовме дека нема за никого.
– Премногу е од опожарени автобуси, масовно иселување, Гебелсова пропаганда, гнасни небањати вмровци и што тоа знае народот.
– Премногу е од Републиката во пламен, а Заев на одмор.
– Премногу е од Венко на планинарење а имаме 9,000 мртви во државата од Ковид.
– Премногу е од невидена сиромаштија, од немање масло за јадење и брашно, немање струја, парно и нафта а “блескаме“.
– Премногу е од министри како богови кои зборуваат кога сакаат а ако не бог сила не моли.
– Премногу е од кршење на закони и кршење на устав
– Премногу е од поклонување до земја и коленичење надвор, па лечење на фрустрации дома брз сопствениот народ.
– Премногу е од закани и киднапирањето на 61-от пратеник ама срцето му беше во Брисел
– Премногу е од затворените врати во Собранието и етичкото сус за ниеден збор да нема.
– Премногу е од галопирачкиот јавен долг, инфлација и задолжување кое идните генерации ќе го плаќаат во форма на данок во крв.

Некој тука смета дека само со смрт на државата нема да има одговорност, меѓутоа настанот во саботата покажа дека Македонија е повеќе од жива и одговорност за ова ќе има, порача Мизрахи.