Во самата интерпелација се повикуваме на кршење на Уставот на Република Македонија преку фамозниот амандман 5. Кој што вели вака – „На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“. Овдека беше прекршен Уставот, меѓутоа исто така и два закони и тоа е Законот за употреба на македонскиот јазик, како и Законот за јазиците, сам по себе, кој што строго дефинираат дека во меѓународните односи ние комуницираме на македонски јазик користејќи го кирилското писмо, рече Рашела Мизрахи, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Мизрахи додаде дека законите строго дефинираат дека на територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи исклучиво се говори на македонски јазик и се користи кирилско писмо.

„Доколку зборуваме за Законот за јазиците исто така ако се погледне членот 2 вели – „Македонскиот јазик е духовно богатство со посебно културно историско значење на Републиката употребата на македонскиот јазик како службен јазик е право и должност на граѓаните на Република Македонија“. И согласно сите три документи е поднесена оваа интерпелација и ќе видиме како истата ќе се одвива“, појасни Мизрахи.Мизрахи: Поднесовме интерпелација на Џафери бидејќи го прекрши Уставот, Законот за употреба на македонскиот јазик, како и Законот за јазиците

„Поднесена е денеска интерпелацијата на господинот Талат Џафери кој што на 28-ми јуни оваа година како претседател на Собранието, значи на собир на претседатели на Собрание, службено не приватно, се појави пред Комитетот за надворешни работи при ЕП и таму говореше на албански јазик. Во самата интерпелација се повикуваме на кршење на Уставот на Република Македонија преку фамозниот амандман 5. Кој што вели вака – „На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“. Овдека беше прекршен Уставот, меѓутоа исто така и два закони и тоа е Законот за употреба на македонскиот јазик, како и Законот за јазиците, сам по себе, кој што строго дефинираат дека во меѓународните односи ние комуницираме на македонски јазик користејќи го кирилското писмо“,рече Рашела Мизрахи, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Мизрахи додаде дека законите строго дефинираат дека на територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи исклучиво се говори на македонски јазик и се користи кирилско писмо.

„Доколку зборуваме за Законот за јазиците исто така ако се погледне членот 2 вели – „Македонскиот јазик е духовно богатство со посебно културно историско значење на Републиката употребата на македонскиот јазик како службен јазик е право и должност на граѓаните на Република Македонија“. И согласно сите три документи е поднесена оваа интерпелација и ќе видиме како истата ќе се одвива“, појасни Мизрахи.