Така анализирано предлог Резолуцијата е повеќе од потребна и особено е добро што таа доаѓа од опозицијата. Зошто во едно демократско плурално општество позицијата ги диктира условите за демократија, а опозицијата по ди фолт ја брани демократијата, така е во сите демократски општества. Тоа е добро што опозицијата ВМРО-ДПМНЕ ја покренува предлог Резолуцијата, самиот супстрат на предлог Декларацијата покажува дека основата е да се претстави позицијата на Македонија, секогаш Македонија треба да биде во рамноправна позиција со другите чинители, истакна Марјан Ѓорчев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Ѓорчев додаде дека третиот дел од Резолуцијата се состои од клучниот дел во она што претставува во делот на спорните моменти од она што претставува евроинтеграциите во моментот, кои што сега се закочени со бугарското вето.

– ЕУ според Резолуцијата треба да ги почитува нашите вложени напори и жртви од македонските граѓани во процес кој што трае веќе доста подолг период, појасни Ѓорчев.

Ѓорчев посочи дека ако се донесе Резолуцијата тогаш позицијата на Македонија во своите меѓународни односи ќе биде доста зајакната бидејќи со Резолуцијата се зацртуваат црвените линии до кои може да оди секоја Влада на Македонија во преговори.