Колумбискиот актер кој глумеше во продукциите на Нетфликс и Епл ТВ е пронајден мртов, со врзани раце и нозе.
-Маченото тело на Кевин Андрес Муњоз Товар беше пронајдено во понеделникот во градот Тулу со неколку рани од мачета, објавија колумбиските медиуми.
Полицијата соопшти дека како осомничен за убиството е уапсен 19-годишен тинејџер, чие име не е познато.
Началникот на полицијата за локалните медиуми изјави:
„Полициската управа известува дека благодарение на навремените информации од граѓаните, 19 -годишникот е уапсен, кој наводно учествувал во убиството на познатиот колумбиски филмски актер. Субјектите кои ги нанеле повредите потоа избегале од местото, но благодарение на информациите од заедницата, еден од нив бил фатен“.