Вчера во 17.15 часот во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово е лишен од слобода Е.Г.(29) од Куманово и од него е одземен пиштол, затоа што, според пријавеното на семејна веселба с. Черкези, кумановско од пиштол испукал неколку куршуми, при што го повредил Е.М.(25) од Куманово.

Од МВР велат дека за настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.