На 14.05.2021 во 20.05 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на ул.„Кочо Рацин“, патничко возило „опел корса“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од В.З.(20) од Свети Николе, удрило во пешакот З.З.(62) од Свети Николе.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.