Во СВР Скопје вчера било пријавено дека на улицата „Индира Ганди“ настанал пожар во куќа сопственост на Н.В.(36), при што била опожарена една соба и влезот од куќата.

Како што соопштија од МВР, во пожарот со повреди се здобиле Н.В. и К.Џ.(40) и биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им биле констатирани телесни повреди.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а увид извршила екипа од СВР Скопје