Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски упати поддршка за претседателскиот кандидат од неговата партија велејќи дека токму Гордана Силјановска Давкова му е омилена професорка од студентските денови.
Николоски во објава на социјалните мрежи вели дека со гордост ја потпишал нејзината кандидатура.
Мојата омилена професорка од студентските денови ќе биде новиот Претседател на Македонија!
Со гордост можам да кажам дека сум еден од луѓето што се потпишаа на нејзината кандидатура до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Да ја вратиме надежта, правдата и насмевките кај народот.
До победа професорке!, пишува Николоски
Инаку, токму Николоски вчера беше гостин на Радио Лидер и со него дискутиравме на сите актуелни теми вклучувајќи го и претседателскиот кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Целата емисија може да ја погледнете ТУКА.