Хидроелектраните Чебрен и Галиште – стратешки проекти за животна средина и енергија

Моќна инвестиција и еден од најголемите инфраструктурни проекти во земјава. Тоа ќе претставува изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште. Поддржана со заем од 1,3 милијарди евра од Обединетото Кралство. Според ВМРО-ДПМНЕ, ова е доказ за конкретна заложба на новата влада кон подобрување на животната средина и енергетската стабилност.

Нов фокус на Владата – заштита на животната средина

Како што наведуваат од партијата, за разлика од изминатите седум години, кога, според нив, СДСМ и ДУИ не спровеле ниту еден позначаен еколошки проект, актуелната влада веќе работи на конкретни решенија. Главниот фокус е поставен на намалување на аерозагадувањето и развој на одржливи извори на енергија.

Мицкоски: Преговори за Чебрен и Галиште со инвестиција од 1,3 милијарди од британскиот заем

Мултидимензионален ефект од Чебрен и Галиште

Проектот не е важен само од енергетски аспект. Дополнителната акумулација на вода ќе го поддржи и тиквешкиот аграр – околу 55 до 60 илјади хектари земјоделско земјиште ќе добијат стабилен извор на наводнување. Ова е клучно за овоштари, лозари и други земјоделци во овој регион, каде што во сушните месеци често има недостаток на вода.

Потенцијал за туризам и приватни инвестиции

Околината на Мариово, која е ненаселена и природно зачувана, се посочува како потенцијална туристичка зона. Двете нови акумулации би можеле да отворат простор за развој на еко-туризам, како и за нови приватни вложувања во регионот.

 ВМРО-ДПМНЕ со визија за квалитетен живот

Во партиското соопштение се наведува дека Владата е целосно посветена на воспоставување на одржливи системи кои ќе обезбедат подобар квалитет на живот за сите граѓани, со усогласување со европските еколошки стандарди.

Извор: Република