Огнот е целосно изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица, а случајот е пријавен околу 2 часот и 30 минути.
– Околу 2 часот и 30 минути во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавено дека на излог од продавница на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, сопственост на 66-годишниот Е.Ј. од тетовско Шемшово било фрлено шише со запалива течност. Оштетен е долниот дел од излогот и стаклото. Нема повредени лица, увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Од МВР информират дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.