Момче од Македонија паднало од тобоган на летување во Бодрум и се здобило со скршеница на вратен пршлен. Утре ќе биде транспортирано од Турција во Македонија со владиниот авион, потврдија од Службата за општи и заеднички работи.
Лицето било хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може да биде транспортирано со редовен комерцијален лет ниту со возило.
Денеска се вршат последните подготовки за летот, откако родителите на момчето побарале помош од македонските институции за негово безбедно враќање во земјава.
