Десниот бек Куни Моралес го продолжи договорот со Вардар и ќе игра во „црвено-црниот” дрес и следната сезона.
– Леворакиот бек имаше одлични партии во дресот на македонскиот првак и освојувачот на двојната круна. Особено во клучните моменти и во натпревари кои беа од особено значење за тимот. Со неговите продорни влезови и прецизни шутеви на многу натпревари Вардар ја покажа играчката надмоќ, а подеднакво одлично играше и во одбрана.
Бескомпромисен борец и вистински професионалец, и на задоволство на двете страни е продолжена соработката за најмалку уште една сезона. Моралес и во иднина ќе ги „кине” ривалските мрежи, не само во домашното првенство туку и во Лигата на шампионите, објавено е на клупскиот сајт на РК Вардар.
Сезонава Моралес постигна 36 гола на 12 натпревари во Лигата на шампионите, а во домашното првенство постигна 86 гола во регуларниот дел и во плејофот.