Мировниот договор за Украина е блиску до финализирање, но прашањето за територијата сè уште го кочи процесот, и покрај сигналите од Москва дека би го прифатила членството на Украина во Европската Унија, велат американски претставници, пренесува Асошиејтед прес.
Според истите извори, околу 90 проценти од мировниот план што го подготвија САД веќе е усогласен. Напредокот бил постигнат за време на интензивните разговори во Берлин меѓу претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп – Стив Виткоф и Џаред Кушнер – и украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот тим, со учество на високи европски претставници.
Разговорите биле насочени кон безбедносните гаранции за Украина, кои Киев ги смета за клучни за спречување на идна руска агресија, но и кон барањето на Русија Украина да отстапи дел од територијата во источниот регион Донбас.
Американските преговарачи ѝ соопштиле на украинската делегација дека повлекувањето на украинските сили од источниот дел на Донецката област мора да биде дел од секој договор за прекин на речиси четиригодишната војна, изјавил извор запознаен со разговорите.
Истиот извор, кој зборувал под услов на анонимност по вториот ден од разговорите во Берлин, навел дека Киев побарал продолжување на разговорите.
Друг извор, исто така запознаен со преговорите, посочил дека и натаму постојат сериозни несогласувања, особено околу територијалните прашања.
Членството на Украина во Европската Унија
