Бугарија го протера поглаварот на Руската православна црква во Софија заедно со двајца белоруски свештеници.

Тие беа обвинети дека дејствувале спротивно на интересите на Бугарија, а Агенцијата за национална безбедност (ДАНС) ги регистрирала како лица кои треба да бидат протерани од земјата бидејќи, според премиерот Николај Денков, биле наведени во таен извештај.

Официјална Москва луто реагираше на одлуката на Бугарија да го протера поглаварот на Руската православна црква во Софија, нарекувајќи го потегот „богохулен“ и „непријателски“ чин.

Црквата во Софија ќе престане да работи додека Руската православна црква не донесе одлука за нејзината иднина, изјави руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова за ТВ каналот „Русија 24“.

Верници вчера се собраа во дворот на затворената руска црква „Свети Никола Мирликијски Чудтоверец“ во Софија и на железната ограда пред храмот положија букети цвеќе.

Малку порано во текот на денот стана јасно дека Руската црква во Софија „Свети Николај Мирликиски Чудтоворец“ ги затвора вратите поради протераните свештеници.

Ова го соопшти Министерството за надворешни работи на Русија во врска со протерувањето на нејзиниот претседавач архимандрит Васијан и уште двајца функционери.

На 21 септември свештениците од руската црковна мисија во Софија беа повикани во имигрантската служба на Бугарија со доставено барање да ја напуштат земјата во рок од 24 часа, бидејќи претставуваат закана за националната безбедност.

Против свештеникот не е покренато конкретно обвинение, објави Митрофанова на веб-страницата на руската амбасада во Софија, јави Хина, повикувајќи се на ДПА.

Напнатите односи меѓу Русија и Бугарија достигнаа најниско ниво во 2022 година, кога 70 руски дипломати и вработени во амбасадата беа протерани од земјата под сомнение за шпионажа.

Извор: Expres.mk.