Утрово во Општина Аеродром функционерите на ВМРО-ДПМНЕ одржаа неколку активности. Најпрво градоначалникот Тимчо Муцунски заедно со министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, претседателот на советот, Дејан Митрески и Марија Јакимовска присуствуваа на час по пливање. Потоа, министерот Велковски се сретна со аеродромските пензионери. Тој одржа средба со пензионерите од Градскиот сојуз на здруженија на пензионери Скопје.

Муцунски се огласи дека продолжува реализацијата на проектот „Бесплатно пливање“ за првоодделенците и дечињата со попреченост во оваа општина.

На мое задоволство, денеска заедно со министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, претседателот на советот, Дејан Митрески и Марија Јакимовска присуствувавме на еден од часовите по пливање кои со поддршка на Општина Аеродром се реализираат за учениците од прво одделение и дечињата со попреченост.

Посебно сум горд на овој проект, затоа што Аеродром е првата и единствена општина која преку вакви активности дава поддршка и покажува грижа за правилниот психофизички развој на децата. Дополнително, проектот промовира инклузивност, го поттикнува спортувањето и здравото живеење кај дечињата, објави Муцунски на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Timcho Mucunski (@mucunski)


Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска се сретна и со пензионерите во оваа скопска општина. Наведе дека пензионерите се наоѓаат во лоша состојба.

„Имаме вкупно 342.217 пензионери од кои дури над 60% се со месечни примања под минималната пензија, односно под 20.000 денари“, алармира министерот.

Во продолжение и неговата целосна објава.