Низ медиумите кружат шпекулации за хаосот на седниците во СДСМ. Ако се испостави дека е вистина, обединувањето на СДСМ за кое зборуваше партискиот лидер Димитар Ковачевски веројатно ќе остане само на зборови.

Тензија во СДСМ

Социјал-демократите денеска одржуваат седници на Централниот и на Извршниот комитет, а попладнево со почеток од 18 часот ќе се одржи и конгрес. Според најавите, тогаш се очекува да биде донесена одлука за листите за пратеници за парламентарните избори оваа година кои ќе се одржат на осми мај.

ТВ Клан објави дека Спасовски и Каевски нервозно го напуштил состанокот во штабот. Други медиуми како Курир пишуваат дека заедно со нив револт покажал и актуелниот директор на Царина, Стефан Богоев.

Можни причини

Дарко Каевски е ставен како седми на листа во Изборната единица број 1. Можеби токму затоа е незадоволен бидејќи рејтингот на СДСМ е во постојан пад, па под знак прашалник е дали ќе влезе како пратеник кога е седми на листа.

Оливер Спасовски, според досегашните информации, ќе биде носител на листа во изборната единица број 2.

Демант од Дарко Каевски

Дарко Каевски се огласи на Фејсбук и го демантираше ова. Вели дека нема никаква врска со реалноста.

Ова не е точно, станува збор за целосна невистина. Наводите во текстот целосно ги демантирам. Ширење невистини нема да помогнат никому. СДСМ е силна и оди на победа на изборите, вели Каевски.