Сите овие извештаи кои што излегуваат, без разлика дали се од влади, дали се од меѓународни организации, дали се од меѓународни невладини организации, гледаме во нив е напишано она што е фактичка состојба во Македонија дека претходната година била година на неуспеси, година без реформи, година на висока корупција и година каде што продолжил тој тренд на стагнација на нашата држава, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на денешната панел дискусија со наслов „Извештај на Стејт Департментот: Сериозна владина и судска корупција“.

Муцунски додеда дека таквите извештаи, меѓу кои и на Стејт департменотот, значат дека немало суштествен напредок по тие клучни прашања како се владеењето на правото, реформата на правосудниот систем, заштитата на човековите права, кои што се пак значајни за економски развој на државата.

И потоа, посочи, се прашуваме зошто младите се иселуваат, а тоа е затоа што младите се разочарани од состојбите кои што секојдневно гледаат како се влошуваат.

„Кај младите во моментот, со оваа власт која што во последните шест години владее во Македонија, нема надеж. И да, економскиот фактор е еден многу значаен фактор, но секогаш ние заклучуваме дека не е единствениот.Не веруваат во системот на државата, не се задоволни од квалитетот на услугите кои што ги добиваат од државниот апарат, нема функционален систем на јавни работи и нема некој кој што ќе се бори за да се создаде функционален систем. Бидејќи, како што гледаме не се приоритет реформи во правосудство, не се приоритет реформи насочени кон економски напредок, образование, здравство. Сето тоа што е најзначајно за да ги задржиме луѓето да останат во државата и да веруваат дека ќе има напредок, туку ние, практично, јас тоа го повторувам во последниот период многу често, имаме една заробена држава, држава каде што закони, акти се носат, дејствија и постапки се превземаат единствено да се задоволи мала група која што е сега на власт“, рече Муцунски.

Посочи дека сето тоа го покажуваат и анкетите на јавното мислење и дека овие луѓе ќе се борат до последниот нивни атом да не се одржат предвремени парламентарни избори, затоа што птредвремениет парламентарни избори ќе бидат единствено рефлексија на сето она што се случува сега во општеството.

„Верувам дека во следниот период тиие ќе се борат да создадат дополнителна апатија кај македонскиот граѓанин да не верува во системот, надевајќи се дека така ќе има помала излезност. Ова се луѓе кои што навидум зборуваат за демоктратија и демократски процеси, а најмалку што сакаат е соочување со демократските процеси, односно одржување на парламентарни избори, па да се види граѓаните во кого веруваат и кому ќе ја дадат нивната доверба“, истакна потпретседателот Муцунски.

На македонките граѓани им порача дека ќе дојдат подобри времиња и дека има надеж, затоа што има луѓе кои што ја сакаат Македонија, кои сакаат Македонија да биде напредна земја и дека тоа тие го покажуваат не само на зборови, туку веќе година дена го покажуваат на дело преку нивната работа во локалната самоуправа, преку работата во Собранието каде што ефективно се блокираат законски акти кои што се една симболика на оваа заробена држава, со цел да се заштитат компаниите и граѓаните.