-Видовме дека МВР постапило за овој случај во време на Наќе Чулев, а СДСМ што правеле? Кинеле страници, менувале кривични пријави и обвинителството треба да го истражи овој случај, ама и обвинитестввото треба само да се истражи. Затоа што гледаме дека има јавни обвинители кои ја злоупотребуваат службената положба, затоа младите заминуваат треба да се избориме за реална, а не фиктивна правда. Дополнително обвинителството треба да даде одговор и за криминалот, рече Муцунски.

Според него мора да се стави крај на грабежот и пустежот на државата.

-Граѓаните треба да направат разлика како било претходно кога било ВМРО-ДПМНЕ на власт, како е сега со СДСМ, какви биле цените, каков бил стандардот на живеење, кои се разликите. Сега имаме ситем во кој нема р од реформа, нема ни еден капитален проект, кажа Муцунски и заклучи дека се потребни итни промени, бидејќи држава оди кон распад.

Оттука додаде тој, затоа потребна е и промена на СДСМ како владеачка партија.