250 дечиња ќе останат без градинка зад Џевахир заради негативното мислење на Еролд Муслиу под директна контрола на актуелниот претседател Стево Пендаровски. Ваквата одлука вчера ја соопшти градоначалникот на Општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во гостување на „Заспиј ако можеш“.

„Градинка требаше да се гради зад Џевахир во Аеродром. Тоа е државно земјиште, побаравме да го отстапат на Општина Аеродром. Тоа земјиште беше во сопственост на Министерството за одбрана. Сепак од таму ни рекоа дека мора да се обратиме до Агенцијата за разузнавање. За жал не ни беше дадено дозвола, а првиот човек на агенцијата Еролд Муслиу даде негативно мислење“, започнува Муцунски.

Муцунски потсетува дека Еролд Муслиу е назначен за директор на Агенцијата за разузнавање од страна на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

„Претседателот можеше да го повика, патем немаше демант, и да го праша: Господине Муслиу зошто го нпаравивте ова? Како 250 -300 дечиња се ризик за националната безбедност? Или пак не сакаат да се изгради градинка од градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ?“, прашува потпретседателот на оваа партија.

„Зарем има поголем празник за една држава од тоа кога се отвора школо или градинка?“, додава тој.

Муцунски слободно вели дека може да го демантираат ако ова не е вистина.

„Нека ме демантираат ако не е вистина. Дали негативно мислење за изградба на нов објект во Аеродром задоцни 6-7 месеци. Не треба да казнувате граѓани бидејќи одбрале градоначалник од друга политичка партија“, потенцира Муцунски.