По повод Светскиот ден на лицата со попреченост во населбата Лисиче во Општина Аеродром се одржа проект за овие лица чија цел е да овозможи на лицата со попреченост да имаат можност да ги совладаат основите на кошарката.
Градоначалникот на Општината и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ги посети овие личности и го поздрави проектот.
Денес се одбележува светскиот ден на лицата со попреченост, во чии рамки Обединетите нации праќаат порака за обединетост во акцијата за постигнување на целите за одржлив развој за овие лица. Во Општина Аеродром, во континуитет преземаме мерки за подобрување на условите за живот и даваме поддршка за нивна инклузија во образованието, спортот и средината во која живееме, вели Муцунски.
Тој додава дека Аеродром е првата општина во Македонија каде се реализира проектот ”Rolling Together” чија цел е да овозможи на лицата со попреченост да имаат можност да ги совладаат основите на кошарката.
Ми беше чест да присуствувам на едно од едукативните предавања, но и на инклузивниот натпревар помеѓу македонската репрезентација на кошаркари во количка и учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ во Лисиче. Следната година овој проект ќе продолжи да се реализира и во останатите училишта во општината. Целта е спортот да го направиме достапен за сите, да го унапредиме процесот на инклузија, но и да ги научиме дечињата да даваат поддршка, да споделуваат љубов и љубезност, заклучува Муцунски.