Градскиот крвоток е закочен утрово во Скопје заради двете сообраќајки кои се случија во главниот град. Едната сообраќајка се случила кај „Мавровка“ во 5 часот наутро каде, како што може да се забележи од фотографиите, паднал и целиот семафор.

Втората, веројатно пострашна сообраќајка се случи кај Соборниот храм. Големата гужва кај Соборната црква настана откако човек со возило удрил во еден од трансформаторите за струја.

Освен кај Мавровка, семафорите и на оваа улица не се во функција. Се качил на жардинерата и ја искршил кутијата со струја.

Во продолжение може да погледнете фотографии од сообраќајките.