Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ даде свој коментар за вчерашниот театар во Собранието од пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Според Муцунски „Шарените револуционери се обединети во намерата за уништување на Македонија“.

Секаде важи правилото дека револуцијата ги јаде своите деца, но децата на Шарената сѐ уште се обединети во намерата за уништување на Македонија, пишува Муцунски.

Муцунски вели дека криминалите на власта не се решаваат со договорени драма и тој потсетува дека собранискиот инвентар е платен од граѓаните.

Криминалите на власта не се спречуваат со договорени драми и гнев кон собранискиот инвентар платен од граѓаните. Промената на власта наскоро доаѓа, а таа е можна само со обединување околу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како единствена опозиција во Македонија, која има план и стратегија како да ја изведе државата на вистинскиот пат, заклучува Муцунски.