Истакна дека тој и неговиот тим има прецизен план и за парковите и за паркинг местата, и за се што се ветува.
„На пример, кога велиме дека ќе обезбедиме три илјади паркинг места, мислиме дека општината треба да направи свое јавно претпријатие, тоа ќе инвестира во подземни, монтажни гаражи, ќе има систем на косо паркирање. Сме се консултирале и со сообраќајни експерти и ова може да се реализира“, рече Муцунски на што кандидатот на СДСМ, за Аеродром, Александар Филиповски реплицираше дека ветувањата на Муцунски се нереални.
За сообраќајниот метеж да се намали Муцунски истакна дека треба да се направат кружни текови, како и дека има делови каде треба да се средат улиците.
„Со една добра квалитетна студија може да се реши сообраќајниот хаос во општината“, укажа Муцунски.
Во делот на хигиената, Муцунски истакна, дека Аеродром не е чиста општина и оти тоа е констатација на граѓаните.
„Има ангажирано над 100 сезонски работници од кои половина работат, а другите не се појавуваат на терен, на работа. Тоа значи дека треба добро менаџирање, а не вака. Фокусот треба да се стави на сезонски работници, механизација, одржување на постоечките површини“, кажа Муцунски.
Во делот на градежната експанзија, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна на зградата кај Мајчин дом за која Марин ветуваше дека нема да се гради. Според Муцунски, Марин имал пет опции, мораторум, нов урбанистички план, времена мерка и нереализирање на планот, откуп на парцелата, а петтата е да каже дека не сакал да го реши