Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер, на која е разговарано за актуелните прашања поврзани со европската интеграција на нашата земја, улогата на Франција и можностите за понатамошно унапредување на билатералата соработка, соопшти Министерството за надворешни работи.

Министерот Муцунски ја истакна важноста на засилениот ангажман и поддршката на Франција, како водечка земја членка на ЕУ, за продолжување на процесот на пристапување на нашата земја и регионот. Тој ја реафирмираше посветеноста на земјата за забрзување на евроинтегративниот пат и спроведување на реформите во клучните области, како што се владеењето на правото, правосудството и економското управување.

Дополнително, беа дискутирани и перспективите за натамошно зајакнување на политичката и економската соработка, како и заедничките напори за справување со регионалните и глобалните предизвици, со особен акцент на безбедносните прашања, стои во соопштението.