Натпреварот во Севиља беше изедначен со 2:2, кога Мурињо бесно реагираше на одлуката на судијата кој го потврди голот за водство на Алекс Морено кој беше постигнат со игра со рака.
Мурињо го заработи црвениот картон веднаш по исклучувањето на Пелегрини, кое беше исто така, поради протест, а во второто полувреме беа исклучени и Манчини и Карсдроп.
Останувајќи со осум играчи на терен, Рома загуби со 5:2.