Пласманот на Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство по драматичната победа над Египет со 3:2 отвори бројни дебати, а меѓу најгласните критичари беше и Жозе Мурињо

Португалскиот стратег, кој натпреварот го анализираше како стручен коментатор, остро го критикуваше судењето и употребата на ВАР-технологијата, оценувајќи дека одлуките биле недоследни и дека не бил применет ист критериум за двете репрезентации. Мурињо посебно се осврна на поништениот гол на Египет, истакнувајќи дека, доколку судијата сметал дека имало прекршок, играта требало веднаш да биде прекината, а не да се дозволи акцијата да заврши со погодок пред да интервенира ВАР.

„Ова е грабеж сред бел ден. Срамота е во што се претвора фудбалот. Како можеш да дозволиш акцијата да продолжи, да дозволиш да се постигне гол, а дури потоа да одлучиш да се вратиш назад и да го поништиш голот? Ако беше фаул, веднаш прекини ја играта. Не чекај да се постигне гол“, рече Жозе Мурињо.

Според Мурињо, ВАР треба да обезбеди еднаков третман и правичност, а не дополнително да создава сомнежи околу судиските одлуки.