Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска на маргините на Делфи економскиот форум во Грција се сретнал со неговиот грчки колега, Јоргос Герапетритис. Муцунски вели дека средбата била одраз на пријателството меѓу двете држави. На средбата министерот се заблагодарил на Герапетритис за помошта од Грција за настраданите од Кочани.
Средбата претставува важен чекор напред во зајакнувањето на регионалната соработка и значително унапредување на дипломатските односи. Притоа, упатив искрена благодарност за навремената и висококвалитетна медицинска помош што Грција ја обезбеди за дел од повредените во трагедијата во Кочани – силен гест и одраз на искрено пријателство меѓу две соседни земји, пишува Муцунски.
Првиот човек на македонската дипломатија ги соопшти и другите точки на денешниот разговор.
Ја нагласивме заедничката подготвеност и потребата од понатамошно унапредување на билатералната соработка – преку интензивиран политички дијалог, приоритетно поврзување во инфраструктурата и енергетиката, како и нова динамика во економијата, културата и туризмот, потенцираше Муцунски.
Погледнете ја неговата објава.
View this post on Instagram