Владата е посветена на исполнување на реформската агенда и продолжување на европските интеграции, истакна Муцунски на средбата во Брисел

Владата е посветена на реформската агенда и процесот на европска интеграција, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на средбата со генералниот директор на Директоратот за проширување и источно соседство на Европската комисија, Герт Јан Колман.

Муцунски нагласи дека во изминатата година Владата постигнала значителен напредок. Особено во областите на дигитализација, владеење на правото и борба против корупцијата. Тој додаде дека овие приоритети остануваат во фокусот и во наредниот период.

На средбата се размениле мислења за спроведувањето на реформската агенда. За посветеноста на Владата да испорачува видливи резултати, како и за Планот за раст како дел од европската поддршка за регионот.

Беше потенцирана важноста на регионалната соработка и придонесот на Македонија кон стабилноста и безбедноста во регионот. Соговорниците разговарале и за актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа. Посочувајќи ја потребата од заеднички и координиран пристап во поддршката за Украина.

Во фокусот биле и иницијативата „Роаминг како дома со ЕУ“, насочена кон постепено укинување на трошоците за роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ. Одлуката за иницијативата се очекува на почетокот на следната година.

Муцунски потврди дека Македонија е цврсто посветена на процесот на европска интеграција како стратешки приоритет. Како и на целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Тој ја истакна и важноста на стратешкото партнерство со ЕУ во областа на безбедноста и одбраната.