– Во рамки на акциската контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, спроведена заради зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома, констатирани се две кривични дела поради возење без лиценца и 33 сообраќајни прекршоци.
Како што информира, во акцијата, што беше спроведена во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија на вонреден технички преглед упатени се 14 возила.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
Апелираат до сите за почитување на сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за поголема безбедноста на децата.