За првпат досега дојава за бомба и во основно училиште, додека претходно на меил адреси на осум средни училишта во Скопје денеска повторно била упатена закана за поставена експлозивна направа, информираа за МИА од МВР.

Станува збор за основното училиште „Петар Поп Арсов“, а дојава за бомба добија и средните училишта „Раде Јовчевски – Корчагин“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Панче Арсовски“, „Никола Карев“, „Владо Тасевски“ и „Михајло Пупин“ и „Цветан Димов“.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се презематаа мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Скопските средни училишта изминатиот период повеќепати добиваа закани за поставени бомби, за кои полицијата утврди дека биле лажни.