Денеска во периодот од 10:00 до 18:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територија на цела држава, за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 54 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина.

Притоа, сите санкционирани 54 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место.

Санкционирани се и осум возачи за останати видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.