Министерството за внатрешни работи ги информира и апелира до граѓаните дека согласно одредбите од Законот за возила сите оние кои се водат како сопственици на возила за кои не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години, законски се должни да го одјават своето возило во МВР односно во регистрационото подрачје каде возилото се води во евиденција.

Сопственици на ваквата категорија возила, соопштија денеска од МВР, најдоцна до 30.06.2022 година да ја извршат законската обврска за одјава на возилата, следствено законската процедура.

Ако сопственикот на возилото не го одјави своето возило, МВР согласносно законските надлежности, ќе го избрише од евиденција на регистрирани возила и ќе преземе мерки за одземање на регистарските таблици на трошок на сопственикот на возилото.

– Исто така, согласно пропишаните норми – сопственикот на возилото е должен да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал ако: возилото е уништено, односно има статус на искористено возило, согласно со прописите за заштита на животната средина; ако возилото е трајно изнесено надвор од територијата на Република Северна Македонија, ако возилото се регистрира во странство заради преселување на сопственикот на возилото, односно од други причини, се појаснува во соопштението од МВР.