МВР ги демантира тврдењата дека полицијата на 16 август спречила граѓани да присуствуваат на „Маршот на ангелите“

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги демантира дезинформациите објавени на дел од порталите и социјалните мрежи. За тоа дека наводно полицијата вчера, на 16 август, не дозволила влез на граѓани во Кочани кои сакале да учествуваат на протестот „Маршот на ангелите“.

Како што наведува МВР, на ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да влезе во Кочани. И  да учествува на протестот.

Министерството апелира да не се шират дезинформации со кои се вознемируваат граѓаните.

„Со цел остварување на своите законски надлежности, меѓу кои и безбедно одвивање на протестот „Маршот на ангелите“. На 16.08.2025 во Кочани, СВР Штип вршеше редовни контроли на сообраќајот (возила и возачи) на подрачјето на СВР Штип, вклучувајќи го и градот Кочани. Но, на ниту еден граѓанин на кој му беше извршена редовна сообраќајна контрола, не му беше скратено правото на слободно учество на протестот „Маршот на ангелите“. И не е задржан повеќе од нормално потребното време за вршење на полициска контрола“, наведува МВР во демантот.

Во Кочани вчера се одржа 18. марш на ангелите, од кој учесниците порачаа дека „правда мора да има“.